Фудбал
Арбелоа: Судијата го уништи мечот!
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го обвини судијата дека го уништил синоќешниот натпревар со Баерн со исклучувањето на играчот од средниот ред Едуардо Камавинга во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен и заврши 4:3 во корист на домашниот тим. Камавинга доби втор жолт картон во 86. минута поради прекршок врз напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, а потоа одби да ја врати топката.
Натпреварот го судеше словенечкиот судија Славко Винчиќ.
– Судијата го уништи натпреварот. Исклучувањето на играчи за вакви инциденти на ова ниво е апсурдно. Се чини дека судијата едноставно заборавил дека Камавинга веќе имаше жолт картон. Колку вакви исклучувања сме виделе во нокаут натпреварите од Лигата на шампионите?, рече Арбелоа во интервју по натпреварот.
Тренерот, исто така, праша зошто ова им се случува само на шпанските клубови.
Баерн го победи Реал Мадрид со вкупен резултат 6:4 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во полуфиналето Баварците ќе се соочат со ПСЖ. з