Фудбал
ВИДЕО: Германците во шок – „Па каде сме сместени“
Во Германија сите се зачудија кога видоа каде ќе престојува нивната репрезентација во текот на Светското првенство.
Германците, а посебно медиуми во Германија се во шок откако сфатиле дека нивниот национален тим е сместен во Ватутники, кое не го сметаат за атрактивно.
Ова место е во близина на Москва, но навистина не изгледа ни близу на германските стандарди.
Телевизијата „Sport1“ објави некои кадри од ова мало место кое е останато уште од комунизмот.
„Одлуката не беше ни малку лесна, затоа што ни беше убаво во Сочи, но овде во близина на Москва имаме одлични услови за тренинг и хотел на мирно место каде што ќе можеме да се регенерираме после натпреварот и тренингот“ рече германскиот селектор Јоким Лев.