Connect with us

Фудбал

Омерагиќ од Конгресот на ФИФА: Активно учествуваме во одлуките за светскиот фудбал

Висока делегација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), предводена од претседателот Масар Омерагиќ учествуваше на 76. редовен Конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во канадскиот град Ванкувер.

Омерагиќ посочи дека македонската делегација, во чиј состав се и генералниот секретар Леонид Јандреоски и спортскиот директор Горан Пандев, активно учествува во носењето одлуки кои директно влијаат врз иднината на светскиот фудбал.

„Нашето присуство значи активно учество во креирањето на иднината на фудбалот и зајакнување на соработката на меѓународно ниво“, истакна Омерагиќ на својот Фејсбук профил.

Во фокусот на Конгресот на ФИФА се финансиската стабилност и развојните политики, усвојување на извештаите за минатата година, дефинирање на буџетите за циклусот 2027-2030, како и клучни прашања за управувањето и интегритетот на фудбалот.