Фудбал
Игор Ангеловски-Мрме повторно е селектор! (ФОТО)
Македонски фудбалски стратег Игор Ангеловски е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан. Тој ќе ја подготвува селекцијата за завршниот турнир на Азиски куп 2027, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Ангеловски е поранешен селектор на Македонија со кој е постигнат најголемиот успех во историјата, пласман и настап на Европско првенство.