Connect with us

Фудбал

Никогаш нема да погодите што гледал Пеп Гвардиола додека се играше најголемиот спектакл во Лигата на шампионите

Додека очите на фудбалскиот свет беа насочени кон Париз и неверојатниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн, тоа воопшто не го интересираше Пеп Гвардиола, кој ја изненади јавноста кога беше снимен на трибините на „Edgeley Park“.

ПСЖ во еден од најдобрите натпревари во историјата на Лигата на шампионите славеше со резултат 5:4 против Баерн, но сè уште ништо не е решено бидејќи нè очекува реванш во Минхен, каде што Баварците ќе бидат благи фаворити.

Но, во тој натпревар не уживаше еден од најголемите фудбалски стручњаци и генијалци на модерниот фудбал, Пеп Гвардиола. Менаџерот на Манчестер Сити, всушност, остана во Англија и во живо гледаше „класико“ од третата лига на англискиот фудбал.

Камерите го „уловија“ Гвардиола на трибините на „Edgeley Park“, стадион во Стокпорт, каде што го следеше натпреварот помеѓу Стокпорт и Порт Вејл.

Натпреварот беше многу интересен, но донесе и неочекуван исход бидејќи гостинскиот тим Порт Вејл славеше со 2:1. Да напоменеме дека Порт Вејл веќе испадна од третото ниво на англискиот фудбал, додека Стокпорт се бори за пласман во Чемпионшип.