Connect with us

Фудбал

Халанд води неверојатен начин на живот: Дневно внесува и до 6.000 калории, јаде говедско срце и црн дроб

Норвежанецот Ерлинг Халанд денес е прототип на модерен напаѓач – брз, немилосрден пред голот и неверојатно физички силен. Но зад таквата форма стои посебен животен режим.

За разлика од просечен човек, Халанд дневно внесува и до 6.000 калории. Неговата исхрана вклучува намирници кои не се баш секојдневни, како говедско срце и црн дроб.

„Вие ова не го јадете, но јас се грижам за своето тело“, изјави тој во еден документарец.

Сепак, не е сè строго „здраво“ – Норвежанецот признава дека повремено ужива и во ќебапи. На неговото мени често се наоѓаат и големи стекови, риба, јајца, како и млеко кое го нарекува „магичен напиток“.

Појадокот обично му се состои од јајца на леб од кисело тесто и кафе со додаток на јаворов сируп и млеко, додека за ручек преферира риба со зеленчук и ориз.

Подеднакво важен како и исхраната е и опоравувањето. Халанд редовно практикува терапија со црвена светлина, сауни и ледени купки, кои ги користи речиси секојдневно.

Овие методи помагаат за намалување на воспаленија, побрз мускулно опоравување и одржување врвна форма во текот на целата сезона. Исто така, посветува големо внимание на флексибилноста, особено на колковите и препоните, што го смета за клучно за постигнување спектакуларни голови.

Неговата рутина вклучува и утринско изложување на сончева светлина и работа со физиотерапевти, што дополнително придонесува за неговата физичка подготвеност.

Сето ова објаснува зошто Халанд доминира на теренот – комбинација од природен талент, дисциплина и малку неконвенционални методи.