Connect with us

Фудбал

Погледнете како изгледа лицето на Лука Модриќ по судирот со Локатели, мораше да ја напушти играта (ВИДЕО)

Лука Модриќ натпреварот против Јувентус мораше да го напушти во 80. минута поради повреда на главата.

Играчот од средниот ред на Милан извлече подебел крај во синоќешното дерби со Јувентус (0:0), кога при крајот на натпреварот со глава се судри со капитенот на „Старата дама“, Мануел Локатели.

На Локатели не му беше ништо, но Модриќ претрпе сериозен удар. Хрватот се заниша и падна, па набрзо мораше да биде заменет.

Модриќ веднаш стави мраз на местото на лицето каде што беше удрен, а на крајот од натпреварот му пријдоа и играчите на Јувентус. Кенан Јилдиз разговараше со него, додека Локатели го прегрнуваше и бакнуваше.

На лицето на Модриќ беше видлив подлив, односно оток под окото.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Модриќ денес ќе помине детални лекарски прегледи за да се утврди тежината на повредата.