Connect with us

Ракомет

Голманот Никола Митревски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Голманот Никола Митревски и следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

– Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмислена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28, Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина. објавија битолчани на својот профил на Фејсбук.

Митревски е член на македонската репрезентација. Во минатото настапуваше за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто.