Connect with us

Фудбал

Валенсија непоразена кај Мајорка, Столе Димитриевски со седум одбрани (ВИДЕО)

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски е најзаслужниот што неговата екипа Валенсија остана непоразена на гостувањето од 33.коло на Ла Лига кај Мајорка. Дуелот заврши 1:1, а Димитриевски имаше вкупно седум одбрани.

Македонскиот голман воедно е најдобро оценетиот фудбалер на натпреварот.

Мајорка поведе во 49.минута со голот на Саму Коста, а изедначи Умар Садик во 69.минута.

Валенсија со денешниот освоен бод со вкупно 36 се наоѓа на 13.место или еден повеќе од денешниот ривал и ја прекина мини серијата од два пораза.