Фудбал
Холандската легенда до Италија: Тики-така не е за секого, вратете се на вашето катанаџо!
Легендарниот Руд Гулит е последниот во низата што даде коментар за неуспехот на Италија да се пласира на Светското првенство во фудбал. Иконата на Милан, Гулит ја повика Италија да се врати на своите темели за да ја врати националната гордост по третиот последователен неуспех во квалификациите за Светско првенство.
Тој смета дека италијанскиот фудбал треба да се врати на својот дефанзивен ДНК, бидејќи, како што вели, „тики-така не е за секого“.
„Мора да се вратите на вашиот италијански ДНК, а тоа значи да имате добри дефанзивци, добри голмани и добри напаѓачи“, изјави Гулит и додаде:
„Последниот трофеј што го освои Италија во голема мера е заслуга на Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини. Тоа е вашиот ДНК – најдобрите дефанзивци.“, порача Гулит.