Connect with us

Фудбал

Директорот на Интер јасен: Ако Барселона го сака Бастони, нека се јави, ги знаат нашите броеви!

Директорот на Интер, Пјеро Аузилио, потврди дека Барселона сè уште не започнала преговори за Алесандро Бастони, но дека доколку сакаат, ги знаат телефонските броеви.

Актуелниот шампион на Шпанија веќе подолго време размислува за ангажман на цврст стопер, а повеќе извори од Италија тврдат дека преговорите меѓу играчот и Каталонците веќе започнале, но исто така напоменуваат дека двата клуба сè уште не разговарале.

„Бастони е врзан со договор за Интер. Под никакви услови не би му предложил на Бастони да го напушти Интер“, изјави Аузилио, пренесува Тутомеркато.

Инаку, Мундо Депортиво денес објави дека Бастони ја сака само Барселона, а доколку не дојде до тој трансфер, би останал во Интер.

„Ако се заинтересирани, ги знаат нашите телефонски броеви и нека се јават. Треба така да постапат наместо да зборуваат“, додаде Аузилио.