Фудбал
Незадоволство во Мадрид: Реал го победи Алавес, а навивачите ги испратија со свирежи (ВИДЕО)
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Алавес во 33. коло од Ла Лига со резултат 2:1, но наместо славје – навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ ги испратија играчите со свирежи.
Despite the win, huge whistles directed at the team at FT by Real Madrid fans at Santiago Bernabéu. pic.twitter.com/bQbSzswZP1
— LIVE GOALS (@FTLiveGoals) April 21, 2026
Головите за победата на Реал ги постигнаа Мбапе во 30. минута и Винисисус во 50. минута.
Реал поведе кога Мбапе стигна до една „ничија“ топка на околу 20 метри и шутираше, а топката по одбивање од противнички играч заврши во мрежата за 1:0.
Вториот гол беше дело на Винисиус, кој во 50. минута упати силен удар од повеќе од 25 метри и прецизно погоди за 2:0. Интересно, по погодокот тој им се извини на навивачите.
Почесниот гол за Алавес го постигна Тони Мартинез во 90+3. минута, но тоа не ја промени атмосферата на крајот од натпреварот.
Реал продолжува да ја брка водечката Барселона, која има шест бода повеќе и натпревар помалку, но триумфот не ги задоволи навивачите. Околу 61.000 гледачи на „Бернабеу“ ги „наградија“ своите миленици со свирежи поради слабите изданија во последниот период.
Резултат:
Реал Мадрид – Алавес 2:1 (Мбапе 30’, Винисиус 50’ – Мартинез 90+3’)