Фудбал
Сонуваат двојна круна, на чекор се до остварување-Каков пресврт на Интер (ВИДЕО)
Интер го совлада Комо со 3:2 во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија. Првиот меч заврши 0:0, а двата тима синоќа на „Џузепе Меаца“ приредија вистинска драма. За само девет дена Интер по втор пат го совлада Комо, претходно во рамките на Серија А, иако имаше два голови негатива. Комо поведе во 32-та минута со голот на Батурина, а во вториот дел по само неколку минути игра, поточно во 48-та имаше 2:0 откако погоди Да Куња.
Се доби впечаток дека Комо е на чекор до пласман во полуфинале, но по неколку направени измени од страна на Киву, Интер се разигра. Најнапред во 68-та Чалханоглу погоди од дистанца на асистенција на нововлезениот Сучиќ. Во 86-та минута повторно асистент Сучиќ, повторно со глава Чалханоглу погодува за 2:2. И кога се мислеше дека мечот ќе отиде во продолженија, Интер отиде да го реши мечот во регуларниот дел. Во 88-та минута Чалханоглу беше асистент, а Сучиќ стрелец за целосен пресврт и победа од 3:2.
Сега, Интер го чека подобриот од дуелот Аталанта-Лацио, меч кој се игра вечерва, а првата пресметка во Рим заврши без победник 2:2.
Интер со право сонува двојна круна, а на чекор се до остварување. Во Серија А на пет кола до крајот имаат 12 бодови предност пред Милан и Наполи и практично потребни му се 4 бодови за и математички да ја обезбеди титулата, а во Купот секако се во финалето.