Connect with us

Фудбал

Пресврт на Шкендија, реми на Силекс и Охрид!

Фудбалерите на тетовска Шкендија триумфираа попладнево на домашен терен над Шкендија Арачиново со 3-2 (1-2) во првиот полуфинален натпревар во рамки на Купот на Македонија.

Актуелниот шампион со пресврт дојде до победа над второлигашот и со гол предност ќе патува на реваншот по една недела на гостински терен.

Домашниот тим дојде во водство со голот на Трумчи од пенал во четвртата минута, но Шкендија Арачиново до крајот на полувремето направи целосен резултатски пресврт со автоголот на Фетаи (30) и погодокот на Ливарека (43).

Крстевски во 54 минута донесе израмнување на резултатот, а тимот од Тетово до победата дојде со голот на Мелиќи во 69 минута.

Во првиот полуфинален натпревар претходно денеска Охрид и Силекс одиграа нерешено 1-1.

Реванш натпреварите се на програмата на 6 мај.