Connect with us

Фудбал

Перес ги пречека ѕвездите на Реал Мадрид, ладен поздрав со Винисиус (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи снимка од поздравувањето на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, со најголемите ѕвезди на „кралевите“.

Како што се гледа на снимката, Бразилецот Винисисус поминал покрај него без некоја посебна реакција, додека Французинот Мбапе срдечно се поздравил и го прегрнал првиот човек на клубот.

Од порано е познато дека францускиот напаѓач е миленик на Перес, додека Бразилецот останал во негова сенка, иако една година пред неговото доаѓање го предводеше Реал до титулата европски шампион.

Винисиус оваа сезона одигра 48 натпревари за Реал во сите натпреварувања и постигна 18 голови, со 14 асистенции за соиграчите.

Од друга страна, Мбапе е во значително подобра форма. Во 40 натпревари постигна дури 41 гол и додаде уште шест асистенции на својот голгетерски учинок.

Дали ова е најава за заминување на Бразилецот од Мадрид, каде што пристигна во 2018 година од Фламенгоo за 45 милиони евра, останува да видиме наскоро.