Connect with us

Фудбал

Барселона потврди, сезоната за Ламин Јамал е завршена!

Извршените тестови потврдија дека првотимецот Ламин Јамал има повреда на задната ложа на левата нога (мускул бицепс феморис). Играчот ќе следи конзервативен план на лекување. Ламин Јамал ќе го пропушти остатокот од сезоната, а се очекува да биде подготвен за Светското првенство.

Јамал се повреди на мечот со Селта при изведување на пенал, по што веднаш ја напушти играта.