Connect with us

Други спортови

Поранешниот светски број еден талка низ пустина и спие во шатор: Наш дом – мајка природа

Легендарниот руски тенисер Марат Сафин отсекогаш важел за еден од најнеобичните спортисти на својата генерација.

Додека другите граделе имиџ преку спонзори и гламур, тој бил познат по бурниот темперамент на теренот, а по завршувањето на кариерата целосно се свртел кон поинаков начин на живот.

View this post on Instagram

A post shared by Marat Safin (@iamsafinmarat)

Најновите фотографии што ги сподели привлекоа големо внимание во јавноста. Познатиот Рус моментално престојува во Мароко, но далеку од луксузот на големите градови како Маракеш. Наместо тоа, Сафин времето го поминува во суровите предели на планинскиот венец Атлас.

Со порака „Наш дом – мајка природа“, тој покажа како денес изгледа неговиот живот – едноставно и во целосна хармонија со природата.

На една фотографија речиси е невозможно да се препознае: со син турбан на главата и очила за сонце, повеќе наликува на пустински номад отколку на поранешен светски број еден. Со ранец на грб се пробива низ карпестите предели на Атлас, далеку од цивилизацијата.

Сафин јасно покажал дека комфорот повеќе не му е потребен. На други фотографии седи на земја пред скромна куќа од кал и слама, со чајник и неколку чаши, уживајќи во едноставноста на животот. На една сцена дури спие на тенок душек во природа, користејќи го ранецот како перница, додека зад него има само шатор и суров планински пејзаж.