Connect with us

Ракомет

Македонија ќе игра финале на Светското училишно првенство во ракомет

Кадетската македонска ракометна репрезентација избори финале на Светското првенство што се игра во Скопје.

Избраниците на селекторот Горан Кузмановски попладнево забележаа убедлива победа над Србија со 30:19 во првото полуфинале на машкиот турнир.

Противник на „Црвено-жолтите“ утре во натпреварот за златниот медал ќе биде поуспешниот од дуелот Израел – Хрватска кој ќе се одигра попладнево.

Претходно во текот на денот пласман во големото финале обезбеди и македонската женска репрезентација, откако во полуфиналето ја победи Турција со 30:22. Противник на нашата селекција во мечот за златото ќе биде Хрватска

Финалните натпревари во двете конкуренции се закажани за утре (28 април), женското во 14 часот, машкото е два часа подоцна (16 часот).