Connect with us

Фудбал

Состојбата со Јамал е полоша отколку што се мислеше!

Шпанската фудбалска суперѕвезда Ламине Јамал ќе ги пропушти првите два натпревари на Светското првенство, објави каталонски „Спорт“.

Јамал неодамна се повреди на натпреварот против Селта Виго, при што заработи повреда на мускул на ногата, а се покажува дека повредата е посериозна отколку што првично се мислело.

Барселона соопшти дека тој ќе ја пропушти и целата преостаната сезона во Ла Лига, односно шест натпревари, во кои клубот има голема предност пред Реал Мадрид во трката за титулата.

Јамал нема да биде достапен ниту за првите две средби на Шпанија на Мундијалот, против Зеленоортските Острови и Саудиска Арабија.

Во Барселона сметаат дека не треба да се брза со неговото враќање, а медицинскиот тим е загрижен од можноста за обновување на повредата.

Проценките се дека опоравувањето трае од четири до шест недели, по што тој би можел да биде подготвен за третиот натпревар во групата против Уругвај закажан за 27 јуни.