Connect with us

Фудбал

Дали Баерн Минхен е оштетен на мечот со ПСЖ?! (ВИДЕО)

Голема контроверза предизвика пеналот кој беше досуден за ПСЖ против Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, по што повторно се доведува во прашање субјективното толкување на одлуките при игра со рака.

Фудбалските навивачи се прилично уверени дека Bayern е оштетен. По центаршутот на Осман Дембеле, топката најпрво го погоди во телото Алфонсо Дејвис, а потоа во раката.

Сите овие години тоа значеше дека нема пенал. Судии ни имаат стотици пати објаснувано дека нема единаесетметровка кога топката ќе се одбие од телото на играчот, а потоа ќе ја погоди раката.

СИТУАЦИЈАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Меѓутоа, сега беше досуден пенал, и тоа во „критични“ моменти кога натпреварот се кршеше. Наместо 2:2, на полувреме, поради оваа судиска одлука, се замина со резултат 3:2 за ПСЖ.

Легендарниот англиски напаѓач и најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер, како стручен коментатор на Лигата на шампионите, збесна поради оваа судиска одлука.

„Кога ќе видам дека топката се одбила во неговата рака, тогаш за мене тоа не треба да биде пенал. Не се согласувам со тоа, навистина не се согласувам. Кога би се одбила од раката на нога, тогаш тоа би било друга приказна. Исто така, ќе прифатам и кога директно ќе го погоди во рака, но кога од друг дел од телото ќе се одбие во раката — што требаше да направи? Бесмислено“, вели Ширер.

Од друга страна, поранешен судија од Премиер лигата, кој 12 години бил во категоријата елитни судии, објасни зошто ова е „исправна одлука“. Вели дека причината е во отвореното толкување на судиската одлука и фактот дека Дејвис направил намерно движење со раката.

„Разгледувањата во ваков тип ситуации го вклучуваат положбата на раката/шаката на играчот во однос на неговото движење во дадениот момент. Кога ќе дојде до многу јасно отскокнување што резултира со значајна промена на патеката на топката, тоа треба да има поголема тежина од самата положба на раката. Но допирањето на друг дел од телото пред контактот со раката не значи автоматски дека играњето со рака не може да се казни. Во оваа ситуација, и судијата и ВАР утврдиле дека намерното движење на раката на Дејвис не било оправдано со неговото движење и дека е направен прекршок за игра со рака“, објасни тој.