Connect with us

Фудбал

Симеоне и син му физички нападнаа дефанзивец на Арсенал, бидејќи го газел грбот на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, физички го нападнал дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, откако овој поминал преку грбот на мадридскиот клуб на теренот на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Овој инцидент се случил по синоќешниот напнат прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој завршил со резултат 1:1.

Симеоне одел зад Вајт кон тунелот и, заедно со еден свој играч, се налутил кога забележале дека дефанзивецот не го заобиколил грбот на Атлетико отпечатен на тревникот.

Видео објавено од „Марка“ покажува како темпераментниот аргентински тренер неколку пати го удира Вајт по грбот, го фаќа за рака и лесно го оттурнува.

Вајт потоа се свртел кон Симеоне и вербално му возвратил, по што интервенирало обезбедувањето, а англискиот фудбалер продолжил кон соблекувалната.

„АС“ со снимката од инцидентот додава дека играчот на Арсенал бил нападнат и од синот на Симеоне, Џулијано, кој инаку е десно крило на Атлетико.

Да потсетиме, во шпанскиот фудбал клупските грбови на теренот се сметаат за светост и од играчите се очекува, од почит, да ги заобиколуваат.