Тајмаут
Напаѓачот на Арсенал и се врати на девојката која ја остави од бизарна причина!
Ѕвездата на Арсенал, Виктор Ѓокереш, повторно е во врска со својата девојка Инеш Агиар, откако минатото лето раскинаа среде неговиот голем трансфер.
Според пишувањата на португалските медиуми, Ѓокереш тогаш одлучил да ја прекине врската бидејќи сакал целосно да се фокусира на кариерата и не сакал дополнителни обврски додека го решавал преминот од Спортинг во Арсенал, трансфер вреден околу 65 милиони евра.
Разделбата се случила во период кога преговорите биле отежнати, а Спортинг дури се заканил со дисциплински мерки бидејќи напаѓачот не се појавил на подготовките во обид да го забрза трансферот.
Сепак, се чини дека емоциите надвладеале. Ѓокереш и Агиар неодамна биле видени заедно во ресторан во Лисабон, што ги потврдило шпекулациите дека ја обновиле врската. Актерката претходно дополнително ги засили гласините кога на социјалните мрежи споделила снимка од трибините за време на натпреварот од ФА Купот меѓу Арсенал и Мансфилд.
Иако Ѓокереш целиот натпревар го проследил од клупата, Агиар го следела мечот, што многумина го протолкувале како знак дека повторно се блиски.
Парот бил заедно две години, уште од времето кога шведскиот напаѓач настапувал за Спортинг. Во меѓувреме, Агиар наводно размислува и за преселба во Лондон, каде дури бара недвижност.
Ѓокереш зад себе има солидна сезона, постигнал 18 голови на 48 настапи во сите натпреварувања, вклучувајќи 12 во Премиер лигата.
До крајот на сезоната го очекува голема борба за трофеи, со оглед на тоа што Арсенал е во трка за титулата со Манчестер Сити, кој има одиграно натпревар помалку. Исто така, лондонскиот клуб го очекува полуфинале во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Тренерот на „топџиите“, Микел Артета, потоа ќе се фокусира на завршницата од првенството, каде Арсенал го очекуваат дуели против Фулам, Вест Хем Јунајтед, Барнли и Кристал Палас.
По клупската сезона, Ѓокереш ќе се насочи кон репрезентативните обврски, со оглед на тоа што беше клучен во пласманот на Шведска на Светското првенство, вклучувајќи хет-трик во полуфиналето од баражот и победнички гол во финалето.