Connect with us

Фудбал

Инфантино побарал од претседателот на Фудбалскиот сојуз на Палестина да се ракува со колегата од Израел, погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

Светската фудбалска федерација ФИФА вчера го одржа својот конгрес во Ванкувер, каде што се собраа водечките луѓе на фудбалските асоцијации од бројни земји низ светот.

На конгресот присуствуваше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Палестина, Џибрил Раџуб, кој се најде во центарот на вниманието поради својот потег.

Имено, Раџуб беше доведен во непријатна ситуација кога, од непозната причина, Џани Инфантино на бината покрај него го доведе потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Израел, Басим Шеик Сулиман.

Потоа Инфантино побара од нив да се ракуваат, но Раџуб тоа го одби од на сите добро познати причини.

Инфантино ја стави раката на Раџуб и со гест го повика да се приближи до Сулиман, но безуспешно.

На прашањето што рекол Раџуб кога одбил, потпретседателката на Палестинскиот фудбалски сојуз, Сузан Шалаби, која била присутна на конгресот, изјави за Reuters:

„Не можеме да се ракуваме со некој кого Израелците го довеле за да го разубави нивниот фашизам и геноцид! Страдаме.“

„Да бидеш ставен во позиција да се ракуваш по сè што е кажано, ја негира целата поента на говорот што го одржа генерал Раџуб“, додаде таа.

Инфантино повика на соработка.

„Ќе соработуваме заедно, претседателе Раџуб, потпретседателе Сулиман. Да соработуваме за да им дадеме надеж на децата. Ова се сложени прашања“, изјави Инфантино додека го повикуваше Раџуб да се ракува со израелскиот колега.