Connect with us

Тајмаут

Поранешна ѕвезда на Арсенал во својата кариера заработил 25 милиони евра, но по разводот останал без ништо (ВИДЕО)

Самото спомнување на името на Емануел Ебуе кај навивачите на Арсенал и денес предизвикува симпатии и топлина, но овој фудбалер моментално минува низ тешка криза по разводот од неговата поранешна сопруга.

Ебуе, кој за време на кариерата заработил над 25 милиони евра, вели дека по разводот останал без сè.

Неговите проблеми почнале во 2016 година, кога Сандерленд го отпуштил по суспензија од страна на FIFA од 12 месеци поради неплатен долг кон поранешен агент.

Му било наложено да плати речиси еден милион евра, што тој одбил, по што следела суспензија и забрана за влез во клупските простории.

Во интервју, Ебуе раскажува дека по проблемите се повлекол во Турција и се соочил со разводот и финансиски колапс.

Тој вели дека во Англија купил три куќи и повеќе луксузни автомобили, но сето тоа го изгубил.

Проблемите сериозно влијаеле и врз неговото ментално здравје, па опишува периоди на изолација и тешка психолошка состојба.

Посебно тежок момент е нарушениот однос со неговиот син, кој денес е млад фудбалер во Челси, а со кого со години нема контакт.

Денес Ебуе работи во Африканска фудбалска конфедерација (CAF) и се надева на нова улога во поранешните клубови.