Connect with us

Фудбал

Како поради Мбапе и глушец, сопственик на хотел во Србија се најде на црната листа! (ВИДЕО)

Сопственикот на хотелот „Хотел Шумарице“ во Крагујевац, Миленко Марјановиќ, раскажа анегдота за престојот на тогаш релативно непознатиот, а денес еден од најдобрите фудбалери во светот Килијан Мбапе, кога имал 17 години.

Тој вели дека необичен инцидент со глушец во хотелската соба довел до тоа Француската фудбалска федерација да го стави хотелот на „црна листа“.

Според неговите зборови, во хотелот биле сместени младински репрезентации, меѓу нив и француската У-17 селекција во која бил и Мбапе.

Поради локацијата во шума, во хотелот повремено имало глувци, а персоналот користел лепливи стапици.

Марјановиќ тврди дека еден глушец се фатил во собата на Мбапе, што го исплашило младиот фудбалер.

Француската делегација потоа реагирала, по што хотелот бил ставен на „црна листа“ и, како што тврди сопственикот, повеќе француски репрезентации не престојуваат таму.