Connect with us

Фудбал

Силекс ја совлада Шкендија и го освои Купот на Македонија!

Фудбалерите на Силекс го освоија Купот на Македонија откако во финалето што се одигра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ ја совладаа тетовска Шкендија со 1:0. За екипата од Кратово ова е четврти трофеј во Куп натпреварувањето откако претходно победија во финалните натпревари 1994, 1997 и 2021 година.

Во тврд и неизвесен натпревар победникот беше решен во 71.минута кога по контрата на Дарко Додев, на вистинското место беше Ади Алиќ и ја затресе противничката мрежа. Во продолжение имаше и многу нервоза на теренот и судијата Игор Стојчевски подели шест жолти картони од вкупно осум на натпреварот.

На почетокот на натпреварот навивачката група на Шкендија ја исвирка химната на Македонија, додека на фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија одбија да ги примат медалите наменети за финалистот.

Силекс со освојувањето на пехарот се изедначи со Работнички со по четири трофеи, а Вардар е прв со шест, додека Шкендија остана со два пехара во ова натпреварување.

Силекс со освојувањето на Купот на Македонија успеа да избори пласман во УЕФА Конференциската лига.