Ракомет
Ракометарите на Вардар нема да слават шампионска титула со фудбалерите на Вардар
Иако спортскиот колектив Вардар требаше заедно да ги прослави титулите на ракометарите и фудбалерите, барем така најавија од ФК Вардар, сепак тоа нема да се случи. Се огласија од РК Вардар од каде велат дека тие веќе си организирале прослава.
Во соопштението се вели:
-АД Ракометен Клуб Вардар 1961 имаше исклучително успешна сезона во која ги обедини титулите во Македонија и имаше успешен настап во Европа. Горди сме што овие успеси ги постигнавме пред полни сали и го привлековме вниманието на целокупната спортска јавност.
Овие успеси немаше да бидат возможни без нашите навивачи, но и нашите спонзори, партнери и пријатели. По тој повод пред извесен период ние веќе го дефиниравме датумот и ги испративме поканите за нашата прослава на која ќе присуствуваат сите играчи, членови на стручниот штаб, раководството на клубот, спонзори и ВИП личности.
Прославата ќе биде одржана на 23 Мај (сабота) со почеток во 20:30 часот, па не би можеле да присуствуваме на прославата која ќе биде организирана од страна на ФК Вардар, а на која беше најавено нашето присуство.
На нашите колеги од ФК Вардар им ја честитаме титулата и им посакуваме успешен настап во Европа.
Со почит,
АД Ракометен Клуб Вардар 1961