Connect with us

Фудбал

Де Јонг: Во Мадрид ни беше далеку потешко!

Играчот од средината на теренот, Френки Де Јонг, одигра нов одличен натпревар и беше еден од најзаслужните за победата против Јувентус.

По пласманот на Ајакс во полуфиналето на Лигата на шампионите, 21-годишниот репрезентативец на Холандија изјави дека тој и неговите соиграчи одиграле фантастично и уште еднаш го потврдиле својот квалитет.

„Не знам дали ова беше нашиот најдобар натпревар, но се функционираше одлично. Во Мадрид ни беше потешко, бидејќи го загубивме првиот натпревар. Јуве е навистина силен, а воедно има и дисциплинирана игра. Сепак, во вториот дел покажавме дека можеме да играме. Ги послушавме советите од тренерот и победата беше неминовна“, изјави Де Јонг.

21-годишниот Де Јонг ја игра последната сезона за тимот на Ајакс, а со започнување на летниот трансфер ќе се пресели во Барселона, каде се очекува да биде големо засилување на тимот.

 

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com