Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во тимот на колото во Серија А. Елмас одигра одличен меч против Торино каде Наполи славеше со 2:1, а тој беше стрелец на еден гол и тоа прекрасен со волеј. Веќе подолг период Елмас добива добра минутажа од Конте, а му враќа со одлични партии.

