Фудбалските федерации на САД и Мексико денеска поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство за жени во 2027 година.
Се очекува Бразил да биде кандидат, а Германија, Холандија и Белгија планираат заедничка кандидатура.
Американската федерација соопшти дека кандидатурата ќе го искористи Светското првенство за фудбалери, кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
САД го организираа Светскиот куп за женски фудбал во 1991 и 1999 година.
Јужна Африка се пријави во септември, но минатиот месец се повлече од трката.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во февруари ќе ги посети предложените градови домаќини, а организаторот ќе го избере во мај.
