Connect with us

Фудбал

Наполи убедлив во дуелот со Беневенто

Фудбалерите на Наполи ја постигнаа најубедливата победа во 4. коло од Серија А и благодарение на најдобрата гол разлика (+13) во однос на конкурентите Јувентус (+10) и Интер (+9) се наоѓаат на првото место на табелата.

Попладнево Наполи со 6:0 го совлада Беневенто, а стрелци на головите беа: Алан (3. минута), Лоренцо Инсиње (15), Дирес Мертенс (27 и 65-пенал), Хозе Каљехон (32) и Кристијан Маџио (90-пенал).

Резултати на другите дуели од 4. коло: Сасуоло – Јувентус 1:3, Милан – Удинезе 2:1, Спал – Каљари 0:2, Торино – Сампдорија 2:2, Рома – Верона 3:0, Фиорентина – Болоња 2:1 и Кротоне – Интер 0:2.

Од 18 часот играат: Киево – Аталанта, а од 20:45 часот е дуелот Џенова – Лацио.

Табела: Наполи 12 бода, Јувентус 12, Интер 12, Милан 9, Торино 8.