Connect with us

Кошарка

Случајност или не? Конечниот резултат од Словенија – Србија беше испишан на семафорот пред почетокот на натпреварот

Случајност или не? Вечерашното финале во Истанбул пред почетокот на натпреварот го откри финалниот резултатот.

На јавувањето во живо од Истанбул и разговорот со таткото на Лука Дончиќ за Спорт Клуб ТВ во позадина може да се види 93-85, резултат кој беше конечен по одиграниот финален натпревар.

На социјалните мрежи се коментира дека ова е грешка на графичкиот тим на Евробаскетот, тие по завршување на натпреварот Шпанија – Русија (93-85) ги промениле само знамињата, а резултатот не го ресетирале на 0-0.

Сепак оваа грешка на графичкиот тим ги збуни сите, а медиумите на големо пишуваат дека финалниот резултат бил откриен пред почетокот на натпреварот.