Connect with us

Други спортови

Пенчиер бара забрана за руските спортисти на ЗОИ во Пјогчанг

На Русија треба да биде забрането учеството на Зимските олимписки игри следната година во Пјонгчанг, изјави денеска главниот извршен директор на Институтот за Национални антидопинг агенции (iNADO), Џозеф де Пенчиер.

Тој смета дека Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во минатото не постапил правилно и дека требал да им забрани на Русите учество на игрите во Рио 2016 година.

– Толку многу истраги се во тек, толку многу случаи на спортисти мора да се решат. Не можеме да бидеме уверени дека руските спортисти ќе бидат навистина чисти во Пјонгџанг и нема да профитираат од долгогодишниот систем за мамење, рече Де Пенчиер.

Затоа ние веруваме дека исклучувањето ќе биде соодветна мерка за овој процес, додаде Канаѓанецот.

Зимската Олимпијада во Јужна Кореја ќе се одржи во периодот од 9-25 февруари 2018 година.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com