Поврзи се

Кошарка

Лука Дончиќ: Ме сметаат за иден прв пик на драфтот, но се чувствувам одлично во Реал

Еден од најголемите таленти во кошарката, Словенецот Лука Дончиќ (18) во интервју за шпанските медиуми откри дека не ја исклучува можноста и после оваа сезона да остане во Реал Мадрид. Многумина веќе го гледаат како следен прв пик на НБА драфтот, но на Лука се чини не му се брза.

Не мора да значи дека ова е мојата последната сезона во Реал Мадрид. Оваа година имам поголема одговорност во екипата, особено по повредата на Љуљ кој е многу важен дел од нашата екипа. Не гледам во далечната иднина. Сега сум тука и се чувствувам одлично. Убаво е кога говорат за тебе во суперлативи, но се трудам од тоа да се изолирам. Сакам да останам на земја, да тренирам и да се концентрирам на кошарката и Реал, изјави Дончиќ.

Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com