Connect with us

Фудбал

Барсегјан: Имаме два порази, овој натпревар е многу важен за Вардар

На денешната прес конференција одржана на ден пред натпреварот Вардар – Реал Сосиедад Барсегјан изјави дека овој натпревар е многу важен за Вардар.

„Мислам дека не очекува еден добар натпревар. Стручниот штаб и играчите знаеме што не очекува, веќе знаеме со кого играме и како противникот ја игра својата игра. Имаме два порази на претходните мечеви, овој натпревар е многу важен за Вардар. Ќе играме со срце и подготвени сме да направиме се за добар резултат. Реал Сосиедад е многу голем тим, има добри играчи. Нема врска нивната форма. Ние ќе направиме се да дадеме голови и да успееме да победиме. Важна ни е и публиката, која се надевам дека ќе дојде на овој натпревар и ќе не поддржи“, изјави Барсегјан.

Натпреварот се игра утре со почеток од 19 часот на Телеком арената.

Facebook