Connect with us

Фудбал

Јаневски: „Теренот е катастрофален, не е за прволигашки натпревари“

Тренерот на Вардар Чедомир Јаневски оправдување за денешниот пораз од Победа најде во лошиот терен на стадионот „Могила“ во Прилеп.

Ако ја преземав вината со Реал Сосиедад, денеска не можам ништо да преземам. Теренот е терен, условите се тие, можам да кажам катастрофални за македонски фудбал. Тие се условите за двете екипи, и тоа треба да видиме кој решава на вакви терени. Овој терен и овој стадион не е за прволигашки натпревар. Тоа е прво. Второ, кога знаеме дека е така, и доколку играчите знаат дека се вакви условите, и дека не можат да играат на ваков терен, тогаш треба да има дуел барем игра и да создаваме шанси, да го тераме противникот да греши, изјави Јаневски за клупскиот сајт на Вардар.

Денеска го немавме тоа. Го сменивме тимот од оној со Реал Сосиедад, и заморот не треба да биде оправдување. Ова треба да ни биде поука дека и на вакви терени мора да се издигнуваме. Затоа што нема да биде тука ваков, туку на многу гостувања. Плус денеска и многу прекини, многу лежења на противнички играчи. Тоа ни се повторува на сите натпревари, кога ќе излеземе во напад, секогаш има некој играч кој што лежи, и мораш да имаш фер-плеј, а така губиш и време и темпо, додаде Јаневски.

Вардар попладнево загуби од Победа со 1:0 и го зголеми заостанувањето зад лидерот Шкендија кое сега изнесува девет бода, но „црвено-црните“ имаат и два натпревара помалку.