Connect with us

Фудбал

Гол на Фелипе во 83 минута за нова победа на Вардар

Вардар се врати на победничките патеки со денешниот триумф над Ренова на натпреварот одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. И покрај големата иницијатива и посед на топката, отпорот на гостите од Тетово беше „скршен“ на осум минути пред крајот на натпреварот со прекрасниот погодок на Фелипе. На полувремето беше 1:1, откако Вардар имаше водство со голот на Барсегјан, а пред крајот на првиот дел Ренова израмни со единствената шанса на мечот преку Рамадани.

Првото полувреме не изобилуваше со неколку шанси, а видовме два гола. Практично од двете најсериозни шанси, двата тима успеаја да дојдат до голови.

Вардар дојде во водство во 25. минута после една одлична акција по левата страна. Фелипе го проигра Демири кој што му доаде на Барсегјан, а од тешка позиција ерменскиот интернационалец, сепак, успеа да погоди во долниот десен агол за водство на „црвено-црните“.

Вардар имаше уште една шанса да дојде до 2:0 кога обидот на Барсегјан со глава одеше под пречката, но Кобетиќ одбрани во корнер.

Во 42. минута Ренова го израмни резултатот. После првиот и единствен обид по голот во првиот дел. Рамадани од 25 метри испрати шут, а топката заврши во долниот десен агол од голот на Гачевски. Тоа беше и резултатот после првото полувреме.

Вториот дел почна со иницијатива на Вардар, а Ренова беше предодредена на дефанзива. Во 63. минута Глигоров со глава ја упати топката во рамките од голот, но Кобетиќ успеа да одбрани.

Вардар ја имаше топката во посед, а во 77. минута и најдобрата шанса за второ водство. Блажевски убаво го проигра Барсегјан кој што во трк излезе сам пред голот на Брегалница, упати удар кој што Кобетиќ го одбрани во корнер.

Во 77. минута Нухи имаше шанса за Ренова, но неговиот обид заврши само покрај голот.

Две минути подоцна повторно среќата не беше на страната на Вардар. Барсегјан со удар од 22-23 метри ја погоди пречката од голот на Брегалница, и „црвено-црните“ не дојдоа до ново водство во тие мигови.

Конечно, иницијативата на „црвено-црните“ даде плод во 82. минута. Прекрасен гол на Фелипе од 25. метри, ја упати топката во горниот лев агол од голот на Ренова за ново водство на нашиот тим.

Само минута подоцна во шанса се најде нововлезениот Стојков кој што успеа да излезе сам, и да упати прецизен удар кој што беше одбранет од Кобетиќ. До крајот на мечот Вардар имаше неколку опасни напади да стигне до нов гол, но не успеа, и мечот заврши со 2:1.