Connect with us

Фудбал

Милевски го објави списокот на фудалери за турнирот во Турција

Репрезентацијата на Македонија до 21 година од 18 до 27 март во Турција ќе биде дел од силниот „Анталија Куп“, на кој покрај нашата млада селекција ќе учествуваат репрезентациите на Украина, Летонија, Естонија и Казакхстан.

Нашата репрезентација нема да се соочи со Казакхстан на контролниот турнир во Турција од причина што двете селекции се во иста група од квалификациите за ЕП 2021.

По речиси една година, Благоја Милевски повторно ќе ја предводи младинската репрезентација, под чие водство остваривме историски успех со пласманот на ЕП 2017 во Полска. Тој истакна дека се радува на новите предизвици и можноста повторно да соработува со младата селекција.

– Свесен сум за ситуацијата која е пред нас, но не се плашиме, верувам во репрезентацијата, во момците и ќе бидеме подготвени за новите предизвици. Веројатно ова е една од најтешките задачи во мојата кариера, но тука сум, повик од националната репрезентација не се одбива. Квалитет постои, знам дека можеме да успееме и не би прифатил ангажман доколку не верувам во момците и во својата работа. Се надевам дека може да направиме резултат, изјави Милевски, по назначувањето за селектор на Македонија до 21 година.

Повкани фудбалери за „Анталија Куп“:

Голмани: Томас Божиновски (Фиеренсе, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котевски (Победа);

Одбрана: Нехар Садики (Ренова), Агрон Руфати (Истра 1961, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Михаил Маневски (Академија Пандев), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев);

Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Бесард Шабовиќ (Дјургарден, Шведска);

Напад: Бејхан Аметов (Борусија Дортмунд, Германија), Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Емил Абаз (Бершот, Белгија), Ердон Даци (Коњаспор, Турција).

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com