Сениорите на Академија Пандев вчера ги започнаа подготовките за квалификациите во Лига Европа. Тимот ќе се комплетира во наредните денови поради настапи на неколку фудбалери во У19 и У21 репрезентациите на Македонија.
Првите 10 дена ќе се тренира во Струмица, потоа се оди на подготовки во Банско, Бугарија.
Веќе се закажани и првите пријателски натпревари, на 13ти јуни во Благоевград против Локомотив Пловдив и на 19ти јуни против Берое Стара Загора во Банско – Бугарија.