Поврзи се

Кошарка

Кливленд ја прекина низата порази, далеку се од шампионска игра

Екипата на Кливленд славеше тесна победа од 104-103 над Орландо Меџик. Кошот за водството на Орландо од 103:102 го постигна Мак, но судиите на 11,2 секунди до крајот досудија фаул на Ајзеа Томас кој ги реализираше двете слободни фрлања, а во нападот кој следуваше Илфрид Пејтон не успеа да поентира за победа на Орландо.

Орландо сега има сооднос од 13 победи и 32 порази, додека скорот на Кливленд изнесува 27-17.

Пејтон беше најефикасен кај Орландо со 19 поени, Ивен Фурние додаде 17 а Џонатан Сајмонс 16 кошови. Ајзеа Томас постигна 21 кош за Клинвленд, а Леброн Џејмс 16 поени со 6 асистенци.

ФОТО

loading...

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com