Фудбал
Чави и Пујол ги повикаа Каталонците да излезат на референдумот
Легендарните фудбалери на Барселона, Чави Ернандез и Карлос Пујол преку видео порака ги повикаа Каталонците да гласаат на референдумот за независност на покраината.
– Мојата поддршка оди за Каталонија. Срамота е ова што се случува во Каталонија. Во една демократска држава луѓето имаат право да се изјаснат, порача Чави.
Пораката на фудбалерот доаѓа по инцидентите меѓу шпанската полиција и граѓаните кои излегоа да гласаат на неколку избирачки места.
На апелот на Чави се приклучи и поранешниот капитен на фудбалскиот клуб Барселона, Карлос Пујол.
Поддршка за независност на Каталонија искажа и капитенот на ракометниот клуб Барселона, Виктор Томас.