Поврзи се

Други спортови

Браун: Криво ми е за колапсот на Ферари

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, кој своевремено со екипата на Ферари освои многу титули како технички директор, изрази сочувство кон Скудерија за начинот, по кој Италијанците сами се откажаа од борбата за титулата во најбрзиот циркус на денешницата. Трките во Сингапур, Малезија и Јапонија за Германецот Себастијан Фетел и неговиот тимски колега Финецот Кими Раиконен беа тотално фијаско.

По неколку испаѓања и казни поради технички грешки и еден удар на пилотите на Ферари на стартот во гран при трката во Сингапур, при што Кими и Себастијан отпаднаа, наместо да освојат нова лесна победа, дојде до заостанување на Фетел од 59 поени во однос на Хамилтон на четири трки до крајот на сезоната.

Овие последни три трки се претворија во вистински азиски кошмар за Ферари. Признавам, криво ми е поради тој нивни колапс, па затоа им испраќам големо сочувство на тимот, бидејќи знам колку тешко се доживуваат моментите внатре во Скудерија и особено во Италија. Не треба да се заборави дека тимот направи големи грешки за борбата за титулата во Ф1. Само поради тие грешки Фетел и Кими оваа година нема да можат да се радуваат на далеку подобар пласман. Сум бил во иста ситуација, кога сосема ситни оштетувања го вадат целиот тим од шини и целокупната добро завршена работа во сезоната ја фрлаат во корпа за отпадоци. Сигурен сум дека овие луѓе во Ферари знаат како да се соочат со реалноста и да застанат на нозе во последните четири трки, искоментира Рос Браун.

Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com