Connect with us

Фудбал

Пелистер домаќин на Вардар во дербито на ПМФЛ

Дерби натпреварот од 7.коло во Првата македонска фудбалска лига, ќе се игра во Битола, каде Пелистер го пречекува шампионот Вардар.

Денешниот дуел на вечните македонски ривали кој ќе се игра на стадионот „Тумбе Кафе“ ќе биде вкупшно 69-ти меѓу овие два тима, а во досегашните 68 Вардар има остварено 39 победи, Пелистер 13, додека 16 дуели завршиле нерешено.
Вардарци се непоразени на гостувањето во Битола на последните шест гостувања, во кои „црвено-црните“имаат пет победи и еден нерешен резултат. Последен пат Вардар загубил на „Тумбе Кафе“ во 2011 година со 1:0.
Дербито меѓу Пелистер и Вардар ќе започне од 15 часот и 30 минути, термин во кој ќе стартуваат и средбите: Работнички – Академија Пандев, Силекс – Победа и Скопје – Шкендија.
Во првиот меч од ова коло вчера Ренова и Шкупи одиграа без голови 0-0.
Табела: Шкендија 16 бодови, Академија Пандев 11, Шкупи 11, Вардар 10 (-1 натпревар помалку), Пелистер 8, Ренова 6, Силекс 6, Работнички 5 (-1), Победа 5 и Скопје 2.