Connect with us

Фудбал

Ајнтрахт конечно најде замена за Коло Муани

Францускиот фудбалер Хуго Екитике и официјално стана член на Ајнтрахт, соопшти германскиот клуб.

Во јануари Екитике дојде во клубот од Франкфурт на позајмица од Пари Сен Жермен, а по 10 натпревари челниците на Ајнтрахт решија да го откупат.

На поранешниот напаѓач на „светците“ му платија 15 милиони евра.

Младиот офанзивец потпиша договор со германскиот клуб до јуни 2029 година. Пари Сен Жермен ќе добие 30 отсто од приходот од следната продажба, а Екитике претставува долгорочно решение за испразнетото место на примарен голгетер откако Рандал Коло Муани „на сила“ го доби трансферот во ПСЖ.

Екитике првично беше позајмен на францускиот шампион во 2022 година по блескавата сезона во Ремс, но парижаните го купија минатото лето за 28 милиони евра.

Во ниту еден момент не успеа да се избори за статусот на редовен стартер на Паркот на принцовите, па Утрехт ја искористи шансата и прво го позајми, а потоа купи играч кој го посакуваше веќе некое време.

Ајнтрахт со 45 бодови моментално е на шестото место на табелата во Бундеслигата, а доколку ја задржи таа позиција и следната сезона ќе игра во Конференциската лига на УЕФА.