Connect with us

Фудбал

Активирана клаузула, Дибала достапен за „ситно“!

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала пристигна во Рома од Јувентус во летото 2022 година, се уште е под договор со „волчицата“, но денеска „оживеа“ посебна клаузула – која вели дека е достапен на пазар по цена од 13.000 .000 евра.

Оваа опција не важи за тимовите од Серија А, само за оние од странство.

Наводно, клаузулата е подготвена да ја активираат неименувани клубови од Саудиска Арабија веќе во првите денови од 2024 година, но Дибала во неколку наврати изјави дека е среќен во Рома и дека не размислува за заминување.

Тој летово одби неколку понуди од Саудиска Арабија, сега сигурно ќе пристигнат нови, па останува да видиме дали ќе ја промени одлуката?

Во секој случај, само тој ќе побара, бидејќи Рома ќе биде немоќна ако некој ја уплати горенаведената сума пари на нејзината сметка.