Фудбал
Але го пропушта мечот со Пари Сен Жермен

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следната недела, пренесува L’Équipe.
Бидејќи го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:1), Але ќе мора да паузира најмалку две недели.
Ова е лоша вест за напаѓачот кој неодамна се опорави од рак на тестисите и штотуку почнува да се враќа во добра форма.
Зимава настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со која го освои Африканскиот куп на нации и се чинеше дека се се враќа во нормала, само што го вознемири оваа повреда.
Дортмунд само се уште е конкурентен оваа сезона во Лигата на шампионите, а еден од најважните поединци е Себастијан Але, па неговото отсуство ќе го поремети целиот тим на „милионерите“.
Але одигра 40 натпревари за Дортмунд, каде постигна 12 гола и забележа шест асистенции.
Борусија првпат по 2013 година стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, кога го елиминираше Реал Мадрид, а потоа загуби од Баерн Минхен во финалето на „Вембли“, што се смета за врв на ерата на Јирген Клоп во клубот од Дортмунд.