Connect with us

Фудбал

Алегри: Ова беше натпревар на страдање

По голема борба Јувентус успеа да се пласира во финалето на Купот на Италија, а тренерот Масимилијано Алегри е свесен дека тимот многу се мачеше во Рим против Лацио.

Лацио успеа да надополни минус два од Торино и имаше резултат кој им носи продолженија. Се до 83. минута кога Милик намали на 2:1 и ја доведе Стара Дама во борбата за трофејот.

– Ова беше натпревар на страдање, но знаевме дека ќе биде така. Посебно кога ќе примиш гол директно од пауза. Имавме неколку шанси, преку Влаховиќ и Бремер. Но, потоа примивме контра гол и момците беа на работ на колапс. Никогаш не е лесно да се стигне до финалето, а игравме двапати во последните три години – изјави Алегри .

Според сите проценки, Алегри го предводи тимот во последната сезона од овој втор мандат, во која се уште нема освоено трофеј. А единствена шанса му е финалето на купот.