Connect with us

Други спортови

Алкараз: По УС Опен, правев што сакав

Светскиот рекет број 2 Карлос Алкараз вели дека му бил потребен одмор по раната елиминација на УС Опен.

Во Њујорк загуби од Ботик ван де Зандшулп во три сета веќе во второто коло.

„После УС Опен сакав да правам она што  сакам. Бев разочаран, па се обидов да се ресетирам што е можно побрзо. Зедов неколку дена одмор, а потоа сфатив дека морам што поскоро да се вратам на теренот, за да тренирам на највисоко ниво“, изјави Алкараз и додаде:

„Поставив нова цел во мојата глава, а тоа е да играм најдобро во Дејвис купот. И тоа го правам по враќањето на теренот, за да се вратам и добро да тренирам“.

Меѓу другото, Карлитос отиде и на трката во Формула 1.

„Да бидам искрен, долго време сакав да одам на трката во Формула 1, но мојот тениски распоред не ми дозволува да присуствувам на многу настани. Не размислував многу кога отидов во Формула 1. Само отидов и гледав. Начинот на кој возачите пристапуваат кон трката е неверојатен. Како што се фокусирани на секој чекор на загревањето, буквално се е лудо. Се трудам да го направам истото и да го применам на моите турнири“, додава Алкараз.