Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Не сме фаворити во финалето

Фудбалскиот тренер на Реал, Карло Анчелоти изјави дека нивниот ривал Борусија Дортмунд заслужено се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Реал и Борусија ќе играат в сабота на „Вембли“ во битка за титулата европски првак, а тренерот на кралскиот клуб ја симнува улогата на фаворит од својот тим.

„Нема да кажеме дека сме фаворити, играме против екипа која заслужува да биде во финалето. Знам дека ќе биде борба како и секое друго финале. Борусија елиминираше силни тимови како Атлетико и ПСЖ во претходните фази од натпреварувањето“, изјави Анчелоти.

Италијанскиот стручњак истакна дека е среќен што Реал Мадрид повторно ќе игра во финалето. Тој ќе се бори за петтиот трофеј во Лигата на шампионите, бидејќи досега двапати најдобро ги водеше екипите на Милан и Реал.

Најмногу емоции доживеав играјќи го ова натпреварување, а страста ме турка напред“, изјави Анчелоти.