Connect with us

Фудбал

Анчелоти се откажа и веќе стави точка на зимскиот преоден рок

И покрај тоа што и Едер Милитао и Давид Алаба се тешко повредени, Реал Мадрид нема да купи централен дефанзивец во зимскиот преоден рок.

Карло Анчелоти денеска потврди дека Реал нема да биде активен на пазарот, бидејќи смета дека Дани Карвахал и Орељан Чуамени се адекватни алтернативи.

„Во моментов не размислуваме за доведување на нов стопер. Ги имаме Ридигер и Начо, но и Карвахал и Чуамени кои можат да играат и централни дефанзивци. Ќе повторам уште еднаш, нема да донесеме нов централен дефанзивец во јануари“, изјави Анчелоти.

Навивачите се скептични, сметаат дека ова е преголем ризик, особено поради фактот што Реал Мадрид цели да ги нападне сите четири трофеи до крајот на сезоната и дека распоредот ќе биде преполн.

Сепак, во случај на повреди, суспензии и потенцијална ротација, Анчелоти се потпира на играчите кои ги има на располагање.

Останува да видиме дали оваа одлука ќе биде погрешна.